Комисијата на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19, развиени од Регенерон и Рош, за пациенти со висок ризик од хоспитализација, како и за оние кои се сериозно болни и немаат природни антитела.
Третманот доби итно одобрување во Соединетите држави, бидејќи привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

