27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако го продава Фалкао!?

Монако го продава Фалкао!?

falkao

По само два месеци од преминувањето на Радамел Фалкао од Атлетико Мадрид во Монако, Колумбиецот повторно е на продажба?

Имено шпанските медиуми тврдат дека тимот од Кнежевството е принуден да го продаде играчот кој го платија 60 милиони евра и тоа само поради високиот данок.

Иако во државата Монако нема данок, го има во Франција каде овој тим повторно се натпреварува во Лига 1. Во оваа земја најбогатите плаќаат дури до 75 проценти данок на своите приходи, поради што пред неколку месеци Жерар Депардије ја напушти оваа држава.

Многумина тврдат дека Монако нема да мора да го плати споменатиот данок, но доколку тоа се случи клубот ќе се соочи со плаќање на данок во вредност од околу 100 милиони евра. Поради тоа шпанските медиуми тврдат дека Фалкао повторно ќе биде достапен на фудбалскиот пазар.

Менаџерот на Фалкао, Хорхе Мендес веќе го понудил својот клиент на Реал, Челзи, но и на двата гиганти од Манчестер, Сити и Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП