7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се справите со незгодните ситуации на работното место

Како да се справите со незгодните ситуации на работното место

situacii2

На работното место секогаш е напнато, натоварени сте со повеќе задачи отколку што можете да завршите, некој ве нервира, друг решил да не дојде на работа и треба и неговата да ја завршите … Ова води до ситуации во кои не сакате да се најдете.

Колку поголем е притисокот, толку повеќе е можно да ја погрешите работата. Затоа еве неколку совети како да ги избегнете на вистински начин, непријатните ситуации:

Правило број 1:

Без разлика што сте направиле или рекле, првично не кажувајте ништо. Не се оправдувајте веднаш. Прво земе длабок здив и соберете ги своите мисли. Ако зборувате пред тоа, и без тоа би рекле непотребни работи. И секое говорење, почнувајќи со „Јас само сакав да …“ ја прави ситуацијата уште полоша за вас.

Правило број 2:

Немој да бидете ниту премногу студен/а, ниту кловн. Едноставно кажете дека ситуацијата е многу непријатна и извинете се.

Правило број 3:

Предложете да надоместите. На пример ако сте го извалкале костумот на колегата, понудете се да ги сносите трошоците за чистење. Малку потешко е кога зборуваме за повредени чувства. Ако сте повредиле некого, секогаш треба да се извините лице в лице. Видете се во четири очи и зборувајте за она што се случило.

Класици:

Сте го заборавиле името на клиентот или на колегата – и тоа под услов да работите заедно со години. Наместо да кажете „Добар ден, господине / госпоѓо“, обидете се да ја кажете вистината. „Навистина е непријатно за мене, но не можам да се сетам на вашето име“, кажано со пријателски изглед, е повеќе од доволно.

Сте го фатиле шефот со вашата колешка во непријатна ситуација, како за нив, така и за вас. Не правете глупава забелешка и излезете од таму веднаш. Понатамошните дискусии треба да бидат спроведени доверливо во канцеларијата. Договорете состанок со својот шеф и зборувајте директно со него, уверувајќи го дека ќе бидете дискретни.

Вашиот колега има прекар, за кој не знае или барем не знаеше, додека не се обратите кон него со тоа име. Тој реагира збркано и засрамено? Во овој случај повторно помага само извинувањето. Не објаснувајте „Знаеш, ние те нарекуваме така зад твојот грб, бидејќи …“,  едноставно извинете се.

Му помагате на колега со неговиот компјутер и правејќи го тоа без да сакате бришете важни датотеки? Најважно е да ги вратите избришаните доколку е можно, и тоа не продолжувајќи да го правите тоа сами, туку викајќи професионалец.

Во канцеларијата има 35 степени, а вие сте го заборавиле дезодорансот. Не чекајте колегите да се преселат подалеку од вас и да ве гледаат чудно, туку бидете искрени и замолете некого од колегите да ви даде дезодоранс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП