19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИТ компанијата ,,Скеил Фокус” ја прошири својата канцеларија и во Битола

ИТ компанијата ,,Скеил Фокус” ја прошири својата канцеларија и во Битола

,,Скеил Фокус”: За пет години  минимум 300 нови вработувања

По Скопје, мултинационалната  ИТ компанија Скеил Фокус отвори уште една канцелариска локација во Северна Македонија – Битола,  каде младите програмери ќе создаваат иновативни решенија за глобалните компании. Одлуката за отворање нова канцеларија во Битола дојде природно, по интересот на локалните тимови како дел од моделот „Работа од секаде“ усвоен од компанијата минатата година.

Со седиште во Бугарија, Скеил Фокус работи на меѓународно ниво со канцеларии низ целиот свет и за клиенти од клучните пазари како што се Северна Америка и Западна Европа. Досега има испорачано повеќе од 500 успешни проекти за клиенти на 3 континенти. Главната цел на компанијата е да го поттикне успехот на луѓето преку користење на технологии и иновации.

Компанијата ја започна својата инвестиција во Северна Македонија во 2019 година со амбициозни планови за раст. Благодарение на талентираното локално раководство, таа брзо ги зголеми своите активности во земјата. Проекцијата на компанијата за следните 5 години, е бројот на вработени да надмине 300 луѓе.

Преку своите канцеларии во Северна Македонија, Скеил Фокус има за цел да ги мотивира и задржи младите ИТ експерти во земјата, да им даде можност да растат и да ги развиваат клучните технолошки вештини, додека работат на големи иновативни проекти за водечки компании низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП