25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск призна кој бил најголемиот предизвик за време на неодамнешниот лет во...

Маск призна кој бил најголемиот предизвик за време на неодамнешниот лет во вселената

За прв пат во историјата, целосно цивилен екипаж беше лансиран во орбитата, и иако тридневното патување помина без поголеми проблеми, тие сепак имаа еден предизвик за време на летот.

SpaceX на Маск нижи успех за успех. Неговата вселенска компанија влезе во историјата кога астронаутите со вселенското летало Crew Dragon полетаа на Меѓународната вселенска станица минатата година, и минатата недела постигнаа уште еден историски успех. Како што веќе пишувавме за тоа, во орбитата беше лансирана првата целосно цивилна мисија, која по три дена кружење околу Земјата, успешно се врати на нашата планета.

Со оглед на тоа дека летот помина без проблеми и точно како што го замислуваа во SpaceX, тоа беше уште една одлична реклама за вселенски туризам. Новата гранка на туризмот само за оние со многу длабоки џебови е сеуште во зародиш, но за неколку месеци три летови на различни компании се успешно завршени (потсетуваме, и Бренсон и Безос полетаа во вселената) па можеме да очекуваме се повеќе и повеќе богати кои бараат авантури да се одлучат за такви патувања.

Тридневната орбита околу Земјата во вселенското летало на „SpaceX“, според сите достапни информации, помина без проблеми, но Илон Маск призна дека астронаутите се уште имаат еден предизвик – одењето во тоалет. Во објавата на Твитер, тој напиша дека дефинитивно треба да го надградат тоалетот кај Crew Dragon. Иако не навлезе во детали, не е тешко да се заклучи дека извршувањето нужда во вселената сигурно не е лесна работа.

Нема приватност во толку мал простор и тоалетот е одделен само со завеса, но верувале или не, предноста на овој тоалет е – погледот. Имено, се наоѓа директно под стаклената купола, која нуди спектакуларен поглед на Земјата.

Да потсетиме, НАСА минатата година на ISS го лансираше најскапиот тоалет во историјата вреден дури 23 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП