Некои од најголемите фармацевтски компании во светот одиграа централна улога во пандемијата со Ковид-19.
Сепак, веројатно не е изненадувачки што пандемијата беше одлична за многу компании во областа на здравствената заштита.
Всушност, само во 2020-та година, 50-те најголеми фармацевтски компании во светот заедно остварија приход од 851 милијарда долари.
Графиконот подолу ги прикажува најголемите фармацевтски компании во светот по пазарна капитализација, а табелите ги прикажуваат најголемите извозници и увозници во светот.


Важно е да се спомене дека оваа листа ги вклучува и здравствените компании кои тесно соработуваат со фармацевтските компании, вклучувајќи биотехнологија, трговци на мало на фармацевтски производи, клинички лаборатории итн., според „VisualCapitalist“.