20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот „SUV“ на „Cadillac“ распродаден за 19 минути (ФОТО/ВИДЕО)

Електричниот „SUV“ на „Cadillac“ распродаден за 19 минути (ФОТО/ВИДЕО)

Дилерите на „Cadillac“ во Соединетите држави почнаа да примаат нарачки за електричниот кросовер „Lyriq“, при што првата серија на моделот беше целосно разграбана за само 19 минути, соопшти компанијата.

Првично, производителот ја објави верзијата „Debut Edition“, а неговиот тираж не беше откриен, но според експертите, тоа не е повеќе од 20.000 единици. Оние кои сакаат да го поседуваат кросоверот, кој официјално беше претставен минатата година, требаше да платат само 100 долари за да го резервираат електричниот автомобил.

Верзијата „Debut Edition“ е со најсовремена опрема, вклучувајќи стаклен покрив, најсовремен мултимедијален систем од 33 инчи, аудио систем „AKG“ со 19 звучници и систем за намалување на бучава, систем за автоматско паркирање, дигитален клуч и адаптивна круз-контрола.

Оваа варијанта на првиот производствен електричен автомобил на „Cadillac“ добива електричен мотор со 340 ks и батерија со капацитет од 100 kW/h. Километражата со едно полнење е над 480 километри. Цените за топ верзијата не се објавуваат, но основниот „Lyriq“ чини најмалку 58.795 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП