20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Iberia“ привремено отпушта третина од вработените

„Iberia“ привремено отпушта третина од вработените

Шпанската авиокомпанија „Iberia“ објави привремени отпуштања помеѓу 4.000 и 5.000 работници од вкупно 15.200 работници, поради промени во организацијата на компанијата и пад на побарувачката за летови поради рестриктивните мерки предизвикани од коронавирусот.

Компанијата објави соопштение во кое се вели дека испратила желба до синдикатите да отворат разговори за привремено отпуштање на околу една третина од работниците.

Тоа го стори откако владата и синдикатите не успеаја да се договорат за продолжување на вонредните државни мерки воведени во март 2020-та година поради коронавирусот.

Шпанските компании можат привремено да ги раскинат договорите на работниците за време на пандемијата. Работниците за време на овој привремен отказ (ЕРТЕ) добиваат 70 проценти од својата плата во првите шест месеци, а потоа добиваат 50 проценти благодарение на државните грантови.

Мерката истекува за девет дена, 30-ти септември, и синдикатите бараат да ја продолжат до 31-ви јануари.

Со оглед на неизвесноста на преговорите што треба да продолжат оваа недела, а исто така и поради бавното закрепнување на авиосообраќајот, „Iberia“ сака директно да се договори со синдикатите за условите за привремено отпуштање на работници. Компанијата тврди дека ова е неопходно со цел да се прилагоди бројот на вработени на тековните потреби.

„Iberia“ изјави дека превезува меѓу 30 и 35 проценти помалку патници отколку во 2019-та година поради ограничувањата за пристигнување на туристи од САД, Латинска Америка, Јапонија и Кина и карантините воведени во некои земји, што значи помалку патници на овие линии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП