17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо платите во земјава цената на квадратот не може да биде 2.000...

Со платите во земјава цената на квадратот не може да биде 2.000 евра

Градежнците велат дека цената на становите може да оди нагоре, но граѓаните да не стравуваат – квадратот нема да достигне 2.000 евра. Покрај сите фактори, во цената голема улога имаат и платите на работниците, вели за Денар Ѓуро Чубриноски, потпретседател на здружение на градежништво при СКМ.

 -Со минимална плата од 14.500,00 денари и просечна плата од 27.182,00 денари како би можело да се плати 2.000,00 ЕУР за метар квадратен станбена површина. Од сето ова можеме да заклучиме дека цената најмногу ќе зависи од понудата и побарувачката и платежната способност на населението, вели Чубриноски.

Тој додава  дека цената на пазарот зависи од неколку фактори: понудата и побарувачката, платежната способност на населението, квалитетот на градбата и локацијата и на самата инфтастуктура на зградата.

-Моменталното покачување на цената на становите во Скопје произлезе од моратуриумот што беше во општина Центар и Карпош, покачување на реопроматеријалите на светско ниво поради ковид кризата, недостаток од работна сила и покачување на работната услуга. Со престанок на важност на мораториумот за градба и завршување на локалните избори се очекува, а и веќе е најавена зголемена градба на станбени згради и станбени комплекси во општина Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и другите општини што ќе значи и зголемена понуда, додава Чубриноски.

Во Охрид пак не се издаваа одобренија за градба поради тоа што урбанистичкиот план беше стопиран од страна на УНЕСКО.

Побарувачка имаше, но не и понуда. Сега вели Чубриновски е донесен урбанистички план и се очекува да има градба на станови, а со тоа и зголемување на понудата.

Според анализите и натаму најбарани се оние станови со големина од 40 и 50 метри квадратни, но радува и тоа што има побарувачка и на поголемите односно од 80 и 120 метри квадратни кои се претежно на атрактивни локации и со квалитетна градба.

За разлика од минатата година кога со стартот на пандемијата градежниот сектор замре, годинава може да се забележи раздвижување. Доказ за тоа е податокот кој говори дека во последните 12 месеци во Скопје се издадени одобренија за градба за изградба на околу 3.000 станови кои би требало да бидат готови во следните 24 месеци.

Но од секторот велат дека дека имаат недостаток и на работници. Освен во Европа сега за нив атрактивни се и околните држави. Доста македонци заминуваат  да работат во соседна Србија каде на големо се гради. На некој локации во Србија особено оние кои таму важат за лукзусни места, квадратот е навистина и до  2.000 евра.

Работниците кои заминуваат  таму, работат и за плати кои достигнуваат и повеќе од 1.000 евра. Сепак од градежниот сектор велат дека не треба да се споредуваме со Србија која е далеку поголема земја од Македонија со повеќе од 8 милиони жители и која има богата дијаспора која доста пари остава во матичната земја.

Според Агенцијата за катастар по првиот квартал годинава над 5.340 новоизградени станови се непродадени, а во изградба се уште 11.300.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП