Гласините дека „Google“ размислува да влезе на пазарот на флексибилни телефони со својот модел „Pixel“, кружат веќе некое време.
Најновите гласини сугерираат дека евентуалното претставување на моделот „Google Pixel Fold“ би можело да следи во текот на четвртиот квартал од оваа година, а телефонот треба да има „LTPO OLED“ дисплеј.
„Google“ веќе планираше да ја објави серијата „Pixel 6“ за октомври, а компанијата ни понуди ран увид во дизајнот на двата претстојни модели. „Pixel Fold“ сѐ уште не е споменат. Можно е „Pixel Fold“ дополнително да биде објавен за време на презентацијата на серијата „Pixel 6“.
Претходно оваа година, се појави необјавен телефон „Pixel“, со ознака на моделот „GPQ72“ и кодно име „Passport“, и со ова е најавен флексибилен „Pixel“ модел. Речиси нема детали за телефонот „Pixel Fold“, а некои претходни патенти на „Google“ сугерираа дека може да има камера под екранот.
Имаше и информации за флексибилен уред од 7,6 инчи, кој ќе ја користи технологијата на „Samsung“ за да го свитка екранот навнатре.