28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Philip Morris“ го зајакнува безтутунскиот бизнис преку преземања

„Philip Morris“ го зајакнува безтутунскиот бизнис преку преземања

Американскиот производител на тутун „Philip Morris“ може да ја купи фармацевтската компанија „Vectura“, специјализирана за производство на инхалатори. Околу 75 проценти од акционерите на британската компанија го поддржуваат предлогот за преземање, проценет на околу 1 милијарда британски фунти, соопшти концернот.

Откако претходно го купи производителот на никотински гуми за џвакање, „Fertin Pharma“, ова ќе биде уште еден чекор за производителот на цигари кон својата самонаметната цел да генерира повеќе од 50% од вкупниот приход од производи без чад до 2025-та година.

Органите на конкуренцијата веќе го одобрија договорот. Холдинг компанијата „Carlyle“ исто така беше заинтересирана за „Vectura“, но се откажа од трката за наддавање во август.

„Vectura“, основана во 1997-ма година, произведува инхалатори и небулизатори што им овозможуваат на пациентите да вдишуваат лекови. Меѓу клиентите на компанијата се „Novartis AG“ и „GlaxoSmithKline Plc“, а 13-те лекови за вдишување на „Vectura“ на пазарот, генерираа продажба од повеќе од 11 милијарди долари од 2012-та година.

Некои производи се многу слични со е-цигарите. „Bayer AG“и „Vectura“ воведоа инхалатор кој може да издаде лек од „Bayer“ за пулмонална хипертензија.

Компанијата исто така истражува инхалација како начин за лекување на не-респираторни заболувања, како што се белодробни васкуларни заболувања и рак. Компанијата исто така развива пионерски третман за Ковид-19.

Претходно овој месец, „Philip Morris“ објави купување на „Fertin Pharma“ за 820 милиони долари, производител на никотински гуми за џвакање и лекови за орална болка. Други производи во развој имаат за цел да ја зголемат виталната енергија или да помогнат во спиењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП