17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлармантен скок на цената на струјата, ако не се најдат пари зимава...

Алармантен скок на цената на струјата, ако не се најдат пари зимава можни се рестрикции

Цената на струјата на светските берзи расте и ќе продлжи да расте, вели експертот по енергетика Константин Димитрво. Според него побарувачката на струја во зимските месеци ќе порасне, сите потреби нема да може да се задоволат од домашните капацитети и ќе биде потребен увоз. Но цената е многу висока, ако не се најдат пари   можно е  да се соочиме со проблеми во снабдувањето.

-Ние нема да се соочиме со енергетска криза туку со финансиска. Цената е толку висока и за да ги обезбедиме сите потребни количини особено во зимскиот период, ќе мора да се задолжиме за да увезуваме струја. Дали ќе имаме ние толку пари за да може да купуваме струја. Домашните капацитети не може да ги задоволат сите потреби. Ако не се најдат пари ќе има  рестикции како на времето кога се гасеше струјата по региони по неколку часа, вели за Денар, Константин Димитров од МАЦЕФ.

Според Димитров постојано се алармира на тоа да се инвестира во домашни капацитети за да може да се задоволуваат сите потреби, но во тој дел инвестициите се слаби или се доцни со некои работи.

-Нема инвестиции, Тец Неготино не се става во погон веќе со децении. Со Тец Осломеј се доцни, а со години алармираме дека е неопходна реализација и на деценискиот проект Чебрен. Купуваме од надвор некој јаглен, но тоа е само поправање на проблемите со лажичка. Не се пристапува сериозно на проблемот. Неопходни се проекти за изградба на објекти. Потребна е стабилна долгорочна стратегија во енергетиката. И затоа дојдовме до ова. Инвестициите во овој сектор се долгорочни и по повеќе од 5 години и сега тие ги нема и многу е доцна да се размислува сега за цената, додава Димитров.

Од друга страна од министерството за еконoмија уверуваат дека енергетска криза нема да има. ЕСМ веќе работи на зголемување на своите капацитети. Инвестиции има и главниот фокус се вложувањата во обновливи извори, односно во чиста енергија- соларната и ветерната енергија, а дополнително се очекува до крајот на годината да се завршат неколку фази и во делот на дистрибутивната мрежа за пироден гас и изградбата на Чебрен. Тука е и поранешното наоѓалиште на јаглен Осломеј кое ќе се покрива  со 10 мегаватна фотоволтаична мрежа, односно на таа локација  се гради фотоволтаична централа која според анализите треба во идина да обезбеди струја за околу 2.000  домаќинства.

Инаку според последните податоци од светските берзи цената на струјата месецов достигна до рекордни 121 евро за мегават час. Во јануари пак мегават чинел 56 евра, односно од тогаш до сега, електричнната енергија на берзите поскапела за повеќе од двојно.

Енергетичарите велат дека ова е глобален проблем. Потешкотии нема да има само нашата земја туку сите држави. И регионот се соочува со истите проблеми. Се преговара и се склучуваат договори со фирми кои ќе може да  ги покриваат загубите кои се прават во системот.  

Според податоците, околу 70 проценти од потребната  електрична енергија се обезбедува од дома, додека 30 отсто од увоз.

Освен струјата на берзите, констатно расте и цената на гасот и на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП