Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02 % од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид-19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2 %. Некои од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а други сѐ уште се во изолација, информираат од Министерството за образование.
Што се однесува на детаљните податоци, нив ги поседуваат надлежните здравствени служби кои ги издаваат решенијата за изолација, велат од Министерството.

