24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВ+О отвора канцеларија во Северна Македонија и го проширува присуството во Југоисточна...

В+О отвора канцеларија во Северна Македонија и го проширува присуството во Југоисточна Европа

В+O Северна Македонијa ќе нуди стратешко-комуникациски и советодавни услуги на домашни и странски фирми, брендови и организации кои работат на локалниот пазар. Овие услуги, меѓу другото вклучуваат и стратешко планирање, односи со јавност и медиуми, како и менаџирање со кризи.

Канцеларијата ќе ја води Адела Ѓорѓиоска. Адела има долгогодишно искуство во ПиАр секторот во реномирани агенции во Лондон и Стразбург, како и искуство како комуникациски консултант и предавач во Северна Македонија. 

Групацијата В+О моментално е присутна во 7 држави со речиси 150 професионалци за односи со јавноста, кои опслужуваат повеќе од 190 клиенти и се обраќаат на околу 60 милиони потрошувачи.

„Отворањето на нашата канцеларија во Северна Македонија се случува во еден уникатен момент, кој е полн со предизвици и можности. Во Адела најдовме искусен партнер, кој ги споделува нашите цели за испорака на квалитетни услуги и создавање на висока додадена вредност за нашите клиенти и нашата мрежа. Убедени сме дека комбинацијата на локален талент од висок калибар, заедно со оперативниот обем на нашата групација во регионот, ќе претставува привлечна понуда. Со нетрпение го очекуваме патот кој ни претстои“, изјави коосновачот и главен извршен директор на В+О Групацијата, Јанис Олимпиос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП