24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„SoftBank“ стекнува 4,5% удел во „Deutsche Telekom“ во договор за размена

„SoftBank“ стекнува 4,5% удел во „Deutsche Telekom“ во договор за размена

Јапонскиот конгломерат „SoftBank Group“ се здобива со 4,5% од акциите на „Deutsche Telekom“ во договор за размена, преку кој германскиот телеком ќе го зголеми својот удел во „T-Mobile US“.

Германскиот оператор ќе добие вкупно 45 милиони акции од „T-Mobile US“ за вкупно 240 милиони акции.

„Deutsche Telekom“ ќе добие уште 20 милиони акции од третиот по големина американски телеком, користејќи ги средствата од продажбата на „T-Mobile Netherlands“, соопшти „SoftBank“.

Договорот ќе и даде пристап на јапонската компанија до скоро 300 милиони клиенти, вклучително и 95 милиони кои плаќаат за услугите на „Deutsche Telekom“, рече гигантот.

По склучувањето на договорот, „SoftBank“ ќе има 4,5% од „Deutsche Telekom“ и околу 3,3% од „T-Mobile“, што може да се зголеми на 6,9% во зависност од тоа дали американскиот оператор ќе постигне одредени цели.

Цената на акциите на јапонскиот инвестициски гигант порасна за 8,7% како резултат на веста, и ова е нејзината најголема дневна промена од декември. Вредноста на акциите на „Deutsche Telekom“ се зголеми за 2,4% пред почетокот на трговскиот ден во Франкфурт.

„Ова е многу привлечна зделка за „Deutsche Telekom“ и нејзините акционери за понатамошно искористување на потенцијалот за создавање вредност од „T-Mobile US“ и пошироко“, рече извршниот директор Тим Хотгес.

„Но, ние не само што го зголемуваме својот удел во „T-Mobile US“ ја поздравуваме „SoftBank“ како нов клучен инвеститор и стратешки партнер во „Deutsche Telekom“, додава тој.

 „Ова е значајна трансакција, што е вистинска победа за нашето портфолио на компании, за „SoftBank“ и „Deutsche Telekom“, коментира Марсел Клор, извршен директор на „SoftBank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП