20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајмоќниот смартфон во светот има повеќе RAM меморија од повеќето компјутери

Најмоќниот смартфон во светот има повеќе RAM меморија од повеќето компјутери

Уште еден доказ дека паметните телефони стануваат помоќни скоро секој ден овие денови доаѓа од Кина. „ZTE“ штотуку претстави телефон со дури 20 GB RAM меморија!

Моделот со двојно поголема количина RAM меморија од повеќето компјутери што ги користиме денес е „Axon 30“, официјално претставен во Кина кон крајот на јули.

Уредот што сигурно ќе остане запаметен како првиот „Android“ со 20 „гигабајти“ RAM меморија, е создаден по нова технолошка постапка. Експертите на „ZTE“, со специјална технологија за фузија, успеаја да интегрираат RAM и ROM меморија, што донесе нови можности за телефонот.

Оваа технологија работи на принципот на компресија на податоци, што создава дополнителна работна меморија што првично не постои на уредот. Ова конкретно значи дека „Axon 30“ е опремен со 12 GB RAM меморија, што е надополнето со споменатата технологија за фузија со уште 8 GB неискористен простор за складирање податоци.

И покрај иновативното решение за меморија, „ZTE Axon 30“ им нуди на потенцијалните клиенти повеќе од цврст хардвер. Станува збор за паметен телефон со 6.92-инчен OLED екран, резолуција од 1.080 X 2.460 пиксели и стапка на освежување од 120Hz. Уредот работи со чипсет „Qualcomm Snapdragon 870“ во комбинација со 256 GB внатрешна меморија.

Овој телефон е исто така уникатен по тоа што во моментов е единствениот уред на пазарот (иако други производители најавија слично решение на нивните идни уреди) опремен со предна селфи камера сместена под екранот.

Цената на овој уред е околу 500 евра, но неговата судбина надвор од кинескиот пазар, барем засега, не е позната, бидејќи компанијата „ZTE“ е под санкции на американската администрација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП