25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧетири важни фактори кои одредуваат дали вакцинираниот ќе биде заразен со коронавирус

Четири важни фактори кои одредуваат дали вакцинираниот ќе биде заразен со коронавирус

Според студијата „Covid Symptom“, најчестите симптоми на коронавирус се главоболка, течење на носот, кивање, болки во грлото и губење на чувството за мирис и вкус.

Некои од овие симптоми најчесто ги погаѓаат невакцинираните луѓе, но тие обично имаат треска и често кашлање.

За разлика од невакцинираните, вакцинираните се со многу помал ризик од хоспитализација доколку се заразат со корона по две дози од вакцината.

Сајтот „SciTechDaily.com“ издвојува четири фактори кои влијаат на тоа колку добро сте заштитени со вакцината против корона.

Вид на вакцина

Секоја вакцина е добра, повторуваат експертите, со тоа што некои едноставно имаат малку подобар процент на ефикасност, односно поуспешно го блокираат развојот на болеста кај оние кои ја примиле таа вакцина.

Истражувањата покажаа дека вакцината Фајзер го намалува ризикот на лицето да развие симптоматска форма на ковид до 95%.

Вакцината АстраЗенека е малку подолу, околу 81 проценти, под услов интервалот помеѓу двете дози да биде подолг.

Време од вакцинацијата

Давањето трета, засилувачка доза, станува се повеќе актуелно, бидејќи се покажа дека времето кое поминало од вакцинацијата влијае на нашата заштита од ковид.

Истражувањата кои допрва треба да се потврдат велат дека ефектот на вакцината Фајзер исчезнува по шест месеци од вакцинацијата.

Прерано е да се каже колку всушност ни обезбедуваат вакцините после шест месеци откако сме ги примиле.

Соеви

Колку вакцината ќе не заштити, зависи и од тоа на кој вид корона сме изложени.

Вакцините главно се базираат на податоци за оригиналниот алфа сој, и на пример, ефикасноста на Фајзер кај делта сојот се намалува од 95 на 88 проценти.

Но, и тоа секако е подобро од нула, што е ситуацијата со невакцинираните.

Значи, ако сте, да речеме, целосно вакцинирани со Фајзер, шансите се околу 88 проценти дека нема да добиете делта.

Имунолошки систем

Сето погоре на крајот е проследено со нашиот имунитет. Сите ние сме различни и секое тело различно реагира на се, дури и на вируси.

Имунитетот опаѓа со возраста, а хроничните болести можат да го намалат ефектот на вакцината која сте ја примиле.

Постарите возрасни лица и оние со оштетен имунитет може да развијат послаба заштита од вирусот по вакцинацијата отколку целосно здравите луѓе, или нивната заштита може да помине побрзо.

Генерално, вакцините во голема мера го намалуваат ризикот од корона, а и во огромен процент го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП