2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКога ќе излезе новиот Samsung Galaxy S5?

Кога ќе излезе новиот Samsung Galaxy S5?

SamsungGalaxyS411

Наскоро (најверојатно во средината на септември) ќе биде претставен новиот „iPhone“ модел. Приврзаниците на конкурентниот оперативен систем „Android“, со нетрпение го очекуваат новиот модел „Samsung Galaxy S5“, главниот конкурент на „iPhone“.

Очекувањата се дека на пазарот новиот модел ќе излезе на почетокот на следната година и да ќе го замени „Galaxy S4“, кој веќе се продава скоро шест месеци. Се уште не се потврдени деталите околу новиот смартфон, но според шпекулациите, тој ќе е со 3 GB RAM меморија.

Јужнокорејскиот производител веќе произведува меморија од 3GB, која е со чип за ниска потрошувачка на енергија и ќе се користи во третата генерација на таблетот на компанијата , „Galaxy Note 3“. Ако компанијата ги почитува историските рокови за замена на моделите, тоа значи дека датумот за претставување на новиот модел може да се очекува во април или мај следната година.

Иако има уште многу време до излегување на моделот, шпекулациите на пазарот се присутни, а голем дел од нив се поврзани со дизајнот. Една од главните критики на последниот модел на компанијата беше поврзана со пластичното куќиште на телефонот, кое не одговори на зголемените очекувања на потрошувачите.

Затоа очекувањата се новиот модел е да е со алуминиумско куќиште. Претпоставките се дека тој ќе е со значително повисока цена во споредба со неговиот претходник, со оглед на значително повисоките технички карактеристики и скапите материјали со кои ќе се разликува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП