Министерот за здравство Венко Филипче денеска како што соопшти, во пишана форма ја понудил оставката до премиерот и владиниот кабинет.
„Никогаш не бегав од критика, никогаш не останав должен за одговор, последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет и денеска понудив пишана оставка до владата“, рече Филипче.

