28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИселувањето ќе биде главен проблем за развој на економијата – да се...

Иселувањето ќе биде главен проблем за развој на економијата – да се најде решение за пасивните баратели на работа

Растот на БДП во вториот квартал годинава, е раст со кој се покрија огромните загуби кои беа направени минатата година, вели за Денар Ангел Димитров од организацијата на работодавачи. Според Димитров не станува збор за нов раст, но сепак е добро што има раздвижување за да не се таложат нови загуби. Сепак вели за понатамошен скок на БДП најголем проблем ќе биде иселувањето, особено на младите.

-Во секој случај овој раст на БДП е добар, зошто ние мора да ги покриеме загубите, а не да правиме нови. Сепак за раст на економијата главен проблем во иднина ќе биде иселувањето на младите во странство. Податоците кои покажуваат дека има намалување на процентот на невработени е поради тоа што има зголемување на пасивните баратели на работа што значи дека тие луѓе најверојатно планирaат да заминат од тука. Затоа колку побрзо ги направиме образовните реформи и го подобриме пазарот на трудот, толку полесно ќе се справиме со недостатокот на работа сила, вели Димитров.

Стопанственици сметаа дека за да се реши проблемот со невработените чија бројка достигна и до 140 илјади, треба да се најде решение за пасивните баратели на работа чиј процент е исто така многу висок.  

-Постепениот раст на БДП ќе помогне да се отворат работни места, но да се реши проблемот со невработените мора да се најде решение за пасивните баратели кои не си ја знаат својата позиција на пазарот на трудот. Одредени дејности за време на пандемијата замреа,  функционираа поради помошта која ја доделуваше државата, но ако нема таква помош ќе продолжи нивното угинување. Работодавачите во тие дејнсоти ќе мора да почнат со прекфалификација на своите вработени, а младите да вложуваат во надградување на своето знаење. Од друга страна образовниот систем убаво да го простудира пазарот на трудот за да може да генерира кадар кој е потребен, вели Владанка Трајкоска, стопанственик.

Трајковска очекува растот на БДП да продолжи бидејќи сега ограничувањата  поради Ковид 19 не се толку големи и кај нас и во другите држави. Дополнитлно смета дека за побрз развој на економијата е неопходно поголеми вложувања во капиталните проекти чија реализација кај нас за девет месеци е многу ниска.

Пред некоку дена статистика регистрираше раст на БДП од 13 проценти во вториот квартал оваа година во споредба со истиот период лани. Од владата се задоволни од бројките. Велат дека тие се доказ дека домашната економија е стабилна. Извозот на стоки и услуги се зголемил за 62 проценти, а увозот  за 64 отсто.

Поради пандемијата, 2020 година стопанствениците ја оценија како најлоша година, со образожение дека буквално целата економија била затворена, а последиците ќе се лекуваат уште неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП