24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБил Гејтс во НОВ БИЗНИС: Склучи профитабилен договор вреден 2,2 милијарди долари

Бил Гејтс во НОВ БИЗНИС: Склучи профитабилен договор вреден 2,2 милијарди долари

Компанијата на Бил Гејтс ќе и плати 2,2 милијарди долари на компанијата на саудискиот милијардер, принцот Алвалид бин-Талал, за да го зголеми својот удел во холдингот „Four Seasons Holding“.

Имено, Cascade Investment LLC ќе купи 23,75 проценти од акциите на компанијата од Kingdom Holding, чиј уделот на инвестициската фирма на Бил Гејтс во компанијата што управува со познатиот синџир хотели ќе изнесува вкупно 71,25 проценти.

Финализирањето на овој удел на Гејтс се очекува во 2022 година.

Гејтс и Алвалид се соработници со години, и тие ги приватизираа Four Seasons во 2007 година.

Во времето на нивното заедничко купување, Four Season имаше 74 хотели, а сега тие имаат 121 сместувачки капацитети, со уште 50 проекти во плановите, велат медиумите.

Богатството на Алвалид се проценува на 36 милијарди долари.

Односите меѓу Гејтс и Алвалид, кои поминаа извесно време „затворени“ во хотел во Ријад во 2017 година по наредба на престолонаследникот принцот Мохамед бин-Салман под обвинение за корупција, отсекогаш била на високо ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП