28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибридот на Ауди со 800 КЅ

Хибридот на Ауди со 800 КЅ

audi quatro

Ауди за саемот на автомобили во Франкфурт го подготвува новиот „Quattro Concept“ со хибриден погонски систем кој ќе биде во состојба да произведе 800 „коња“.

За разлика од претходниот „Quattro Concept“ кој беше претставен во 2010-та година и кој беше базиран на Ауди „RS5“, новата верзија ќе биде базирана на скратената платформа на моделот „RS7“.

За погонот е употребен 4.0 литарски „twin-turbo“ V8 со преку 600 ks кој е поврзан со електромотор од 170 ks (125 kW).

audi quatro1

Како што велат од Ауди овој систем со погон на сите четири тркала ќе му овозможи на овој автомобил да располага со скоро 800 ks и 1.000 Nm максимален вртежен момент.

Од 0 до 100 km/h „Quattro Concept“ ќе разавие за 3.4 секунди, додека максималната брзина ќе изнесува 300 km/h.

audi quatro2

Соодветно на перформансите, автомобилот ќе има и специјално адаптивно спорстко потпирање, диференцијал со ограничено пролизгување и керамички сопирачки.

Иако од Ауди соопштија дека станува збор за концептен автомобил се шпекулира дека во 2016-та година во продажба би можело да се најде и сериски модел во ограничена серија со почетна цена од околу 200.000 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП