27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГигантот ќе ги покрие во целост трошоците за студии за вработените кои...

Гигантот ќе ги покрие во целост трошоците за студии за вработените кои сакаат да студираат

Компанијата за е-трговија Амазон планира да плати четиригодишно школување за околу 750.000 хонорарни работници во своите редови, на територијата на Соединетите Американски Држави.

Од јануари следната година, Амазон за прв пат ќе плаќа школарина, такси и учебници за работниците во складиштето, возачите и другите работници кои сакаат да заработат факултетска диплома.

Исто така, ќе започне да ги опфаќа програмите за завршување на средно училиште, како и курсеви по англиски јазик за оние кои не го знаат јазикот.

Оваа компанија сеуште нема објавено детална листа на придобивки што ќе ги имаат вработените кога станува збор за образованието.

Овие поволности можат да ги користат оние кои се вработени во Амазон најмалку 90 дена, и додека посетуваат настава, ќе мора да продолжат да работат со скратено работно време или со полно работно време.

Овој потег на една од најуспешните светски компании за електронска трговија доаѓа во време кога конкурентските фирми како „Волмарт“ и „Таргет“ ги подобруваат придобивките за своите вработени, според извештаите на медиумите.

Зголемување на платите и бонуси за привлекување нови работници

Амазон, исто така, неодамна објави дека ќе вработи голем број луѓе, како и дека ќе ја зголеми почетната плата од 15 долари, на 17 долари на час.

Компанијата нуди бонуси од 1.000 долари за да привлече нови работници.

Компанијата објави дека планира да преквалификува 300.000 вработени во висококвалификувани работници во следните четири години.

Да потсетиме, на почетокот на летото, најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, ја напушти функцијата извршен директор, а неговото место го зазеде Енди Џеси. Оттогаш, бројни промени се видливи во оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП