2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Блиц“: Владата размислува „Јат“ да биде нискобуџетна компанија

„Блиц“: Владата размислува „Јат“ да биде нискобуџетна компанија

jat

Српската Влада во почетокот на февруари би требало да разгледа кусорочни мерки за опоравување на српскиот авиопревозник, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Според весникот, работната група за анализа на состојбата и подготовка на предлози за стабилизација и заздравување на „Јат ервејз“ овие денови подготвува како кусорочни мерки, така и долгорочна стратегија која би требало конечно да го реши прашањето за судбината на оваа компанија.

Мерките кои работната група наскоро ќе и ги понуди на Владата се однесуваат на тоа – дали „Јат“ треба и натаму да биде национален авиопревозник или нискобуџетна компанија, тврди изворот на „Блиц“.

Исто така, појасно ќе се одреди и во однос на тоа што всушност е она што оваа компанија профитабилно може да го работи, дали е исплатливо да се размислува и натаму за интерконтинентални летови или ќе се преориентира на пазарот во опкружувањето.

Според неофицијалните проценки, авиокомпанијата не би требало да има над 600 вработени. Во моментот бројот на вработени е 1.300.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП