Во Албанија од денеска стапија на сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат влез во земјата со негативен тест не постар од 72 часа, сертификат за вакцинација со датум од најмалку две недели од целосна вакцинација, брз антиген-тест не постар од 48 часа или потврда за прележан коронавирус, пренесува ABC Albania.
Овие правила важат и за патниците што минуваат низ Албанија. Само децата до шест години се ослободени од мерките.

