26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПари се само кога се во кеш

Пари се само кога се во кеш

Европската централна банка ги претстави евро банкнотите пред дваесет години. Германците прво се мрштеа, заљубени во својата марка. Денес банкнотите од еврото им се важни затоа што се спротивставуваат на целосната дигитализација на парите.

Деновиве се навршуваат две децении откако поранешниот шеф на Европската централна банка, Вим Дуизенберг, претстави седум нови банкноти на јавноста. Беше 30 август 2001 година, а на Дуизенберг му остана прекарот г-дин Евро.

Во тоа време, сеуште беше во игра банкнотата од 500 евра, која не се печати изминативе две години – бидејќи е омилена меѓу криминалците и финансиерите на тероризмот. Кој и да ја има оваа виолетова банкнота во палетата, не мора да се грижи затоа што сеуште е прифатена како платежно средство.

Дури и без најголемата банкнота, вкупната маса на пари што кружи во печатени и ковани евра постојано се зголемува. Според германската федерална банка, таа маса се зголемува за шест проценти годишно.

Веќе на крајот на 2014 година беше надмината границата од една милијарда евра. Денес во оптек се 26 милијарди банкноти со вкупна вредност од 1,4 трилиони евра. „Половина од вредноста на банкнотите во оптек доаѓа од трезорот на германската централна банка“, се наведува во едно соопштение.

Клиентите ја сакаат „болката при плаќањето“

Иако Германија е и најголемата и економски најмоќната членка на еврозоната, Германците користат печатени и ковани монети над просекот во време кога дигиталните плаќања земаат замав.

„Важно е луѓето да ги контролираат своите трошоци“, вели Јирген Морман, професор по банкарски менаџмент на Факултетот за финансии во Франкфурт. „Таканаречената Болка во плаќањето влијае на клиентот. „Бидејќи човекот директно гледа кога една банкнота го напушта паричникот“, додаде тој.

Како што претходно пишуваше Дојче Веле, банкнотите нудат и своевидна слобода. Сите други трансакции остануваат некаде снимени.

Сепак, плаќањето со картички и апликации добива на интензитет. Во еврозоната, секое второ купување преку интернет се врши со картичка. Од десет уплатници и фактури, само четири се плаќаат во готово во просек.

Во декември минатата година, истражувањето на Европската централна банка покажа дека околу 40 проценти од луѓето велат дека користат помалку готовина од почетокот на пандемијата.

Под перница сеуште е полно

Прашањето е, како масата на банкноти и монети постојано расте иако се повеќе луѓе плаќаат дигитално?

„Готовината не е само омилено средство за плаќање, туку сигурен начин да се зачува вредноста“, вели Јоханес Берман од Федералните резерви. Тој додава дека количината на банкноти расте, особено во време на криза. Во превод, луѓето понекогаш и веруваат на својата перница повеќе отколку на банката.

Според Морман, ова може да се забележи и во Хрватска или Турција. Се во странска валута – само готовина се вистински пари. Еврото барем се покажа отпорно на кризи.

Морман, сепак, додава дека развојот дефинитивно оди во насока на дигитално плаќање, користејќи апликации на телефонот. Најголемата пречка овде е огромниот број провајдери кои не ги препознаваат системите на другите. Така што, може да се случи начинот на плаќање што ви се допаѓа да не е препознаен, на пример, во пекарата во која одите.

Иако тоа ќе се стави во ред, а дигиталните плаќања може да се удвојат до 2025 година, експертите велат дека нема зима за готовината. „Лесно се управува со готовина, тоа е сигурно платежно средство, не му се потребни технички помагала и ја олеснува контролата на трошоците. Исто така, готовината е најповолното платежно средство за потрошувачот“, заклучува Берман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП