28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„iPhone 13“ навистина ќе може да се користи дури и кога воопшто...

„iPhone 13“ навистина ќе може да се користи дури и кога воопшто нема сигнал

Самото тврдење дека сателитската врска може да овозможи комуникација кога технологијата 4G и 5G ќе падне за кратко време, ја зголеми цената на акциите на „Apple“.

Пред неколку дена, познат аналитичар за работата на „Apple“ и неговите производи, Минг-Чи Куо, изјави дека претстојниот „iPhone 13“ ќе има поддршка за поврзување со систем на сателити со ниска орбита (LEO), како што е „Starlink“, поставен горе од Илон Маск.

Ова треба да им овозможи на сопствениците на „iPhone 13“ да комуницираат, да остваруваат повици, да испраќаат СМС и други текстуални и мултимедијални пораки и е-пораки, дури и кога се во ситуација да останат без покривање на 4G и 5G сигнали.

Оваа „револуционерна“ вест предизвика голема возбуда кај јавноста и, се разбира, ја зголеми цената на акциите на „Apple“. На ова секако влијаеше фактот дека сателитската комуникација е голема предност во однос на 4G или 5G, бидејќи овозможува комуникација дури и кога постојната технологија не успева, потсетува „GizChina“.

Според Минг-Чи Ку, новиот „iPhone 13“ користи „сопствен“ чип „Qualcomm X60“ кој поддржува фреквентен опсег „n53“, што го користи „Globalstar“, американска компанија за сателитски комуникации.

Од друга страна, некои аналитичари за мобилна технологија и експерти за комуникациска технологија го доведуваат во прашање предвидувањето на Куо. Имено, тие тврдат дека „Apple iPhone 13“ нема да ја поддржи можноста за сателитска комуникација, како и дека „Qualcomm X60“ не е чип за сателитска комуникација туку чип кој „само“ ќе ги подобри постојните 5G конекции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП