16 април, 2025
ПочетнаКОРОНАЗа четири недели, од Ковид-19 починале 480 луѓе, 89 отсто од нив...

За четири недели, од Ковид-19 починале 480 луѓе, 89 отсто од нив биле невакцинирани

Во периодот од 6.8 до 2.9.2021 на територијата на државата 22.416 граѓанин биле позитивни на Ковид-19, од нив 18 % биле целосно вакцинирани, односно 4.191 лице. Голем е бројот на невакцинирани граѓани што се заразиле од коронавирусот. Според статистика за изминативе четири недели, 18.225 граѓани, односно дури 81 % од позитивните не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 87 %, а само 13 % од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од четири седмици на територијата на државата починале 480 лица од Ковид-19, 429 пациенти (89 %) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 (10 %) примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

За вакцинирани се сметаат лицата што се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза вакцина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП