1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„WizzAir“ влегува во битка со „Ryanair“ по скокот во сообраќајот во август

„WizzAir“ влегува во битка со „Ryanair“ по скокот во сообраќајот во август

Нискобуџетна авиокомпанија „WizzAir Holdings Plc.“ го намали јазот со многу поголемиот превозник „Ryanair Holdings Plc.“ за време на кризата со коронавирусот, според податоците за сообраќајот за август – месец кој традиционално е пикот за летните туристички патувања, според „Bloomberg“.

Според ажурираните податоци за сообраќајот објавени во четвртокот, „WizzAir“ пренесе речиси една третина повеќе патници од „Ryanair“ во минатиот месец, откако се прошири на пазарите како Италија и Германија. Во август 2019-та година, авиокомпанијата со седиште во Будимпешта достигна само околу една четвртина од големината на доминантниот европски нискобуџетен авиопревозник „Ryanair“.

И додека бројот на патници во „WizzAir“ достигна 90% од нивото пред коронавирусот, „Ryanair“ превезе само околу три четвртини од нивоата пред пандемијата.

Ирската компанија беше делумно попречена од тешкото продолжување на летовите кон Обединетото Кралство, нејзиниот најголем пазар, каде постојаното менување на рестриктивните мерки спречуваат некои луѓе да летаат.

Меѓутоа, „Ryanair“ обнови голем дел од распоредот во споредба со големите авиокомпании како „Air France-KLM“, „Deutsche Lufthansa AG“ и сопственикот на „British Airways“, „IAG SA“.

„EasyJet Plc.“, втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Европа, исто така беше погодена од нејзината зависност од Обединетото Кралство. Таа веќе не објавува месечни податоци за бројот на патници, но на 20-ти јули рече дека овој квартал ќе достигне не повеќе од 60% во споредба со нивото на 2019-та година.

„WizzAir“ веќе нуди повеќе места отколку пред пандемијата, додека капацитетот на „Ryanair“ се приближува до 90%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП