Вашето тело е подготвено да ви даде одговор на прашањето „дали внесувате премногу шеќер“?!
Телото ќе се побуни веднаш и ќе ви даде видиливи знаци, со кои ќе ви покаже дека внесувате поголемо количество на шеќер од потребното.
Доколку забележите некои од следниве симптоми, тогаш со сигурност треба да се запрашате дали е време да ги смалите слатките и да го зголемите консумирањето овошје.
Промена во расположението
Доколку не се чувствувате свои, веројатно тоа е последица на лошите намирници кои ги користите. Претераното користење шеќер може да доведе до промена во расположението поради осцилацијата на гликоза во крвта. Можете да се чувствувате бесно, во следниот момент анксиозно, па дури и гладно.

Појава на акни
Имате чувство дека сте се вратиле во тинеџерските години?
Шеќерот доведува до пореметување на хормоните. Решението е грижа на кожата но и намалување на шеќерот. Наместо да изедете пола чоколада, пробајте да се задоволите само со неколку коцки.
Главоболки
Имате забележано дека пиете премногу лекови против главоболка во последно време?! Шеќерот може да предизвика хипогликемија во крвта, а вообичаен симптом е главоболка.

Проблеми при слабеење
Доколку редовно вежбате и се храните здраво, а сеуште нема никаков резултат, време е да се запрашате дали сте претерано склони кон благото во текот на денот. Постојано земање на шеќер предизвикува континуирана акумулација на маснотиите. Многу е добро вашето тело да прима шеќер поради енергија од време на време, отколку да прима постојано и вишокот да го складира како масни резерви.
Хормонска нерамнотежа
Кај жените, употребата на премногу шеќер може да доведе до пореметување на хормоните, а особено кај оние кои имаат полицистички јајници. Два клучни фактора кои се поврзани со ваквите јајници се стресот и конзумирањето на премногу шеќер.