Купувањето или уредувањето на стан или куќа е една од најголемите финансиски одлуки во животот на секоја личност и затоа е многу важно да бидете добро информирани доколку решите да го направите ова со финансиска поддршка во форма на станбен или потрошувачки кредит.
За сите оние кои храбро ќе зачекорат во градењето на нови среќни приказни, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за кредитите за физички лица. Имено во периодот од 1.9.2021 до 30.9.2021 година клиентите ќе можат да искористат низа придобивки и поволности, пришто сите кредити ќе бидат достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

