27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet Corvette дури четирипати поскапа во Кина

Chevrolet Corvette дури четирипати поскапа во Кина

korveta

Кинезите кои можат да си дозволат да ја купат новата „Chevrolet Corvette“ ќе мораат за основната верзија да одвојат неверојатни 1.5 милиони јуани (околу 185.000 евра). Само за споредба истиот автомобил во САД чини 58.000 долари (44.000 евра).

Како што пишуваат тамошните медими, „Corvette“ во Кина ќе биде толку скапа пред се поради царинските трошоци. Сепак, како што се наведува во информацијата вообичаено е возилата кои имаат мотори со голема кубикажа во Кина да бидат двојно поскапи отколку во САД, но не дури четирипати како што е во случајот со „Corvette“.

Најновиот „Chevrolet Corvette C7 Stingray“ е првата генерација на овој легендарен спортски автомобил кој официјално ќе биде достапен на кинескиот пазар.

„Corvette“ во продажните салони во Кина ќе се најде во првата половина од 2014-та година, додека премиерата ќе ја има на авто-саемот во Гуанжу во ноември 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП