18 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„DS“ исклучиво на електрична енергија од 2024-та

„DS“ исклучиво на електрична енергија од 2024-та

Луксузната марка на француски автомобили ќе биде првата од концернот „PSA“ што целосно ќе се префрли на електрични мотори.

„DS“ е уште еден во серијата брендови што најавуваат премин на електрична енергија. Како што беше објавено, компанијата ќе продава исклучиво електрични возила од 2024-та година.

Иако францускиот производител на автомобили, кој работи во рамките на гигантот „PSA“, продава електрифицирани модели од 2019-та година, ова е значајна промена што се случува прилично брзо.

Од „DS“ не навлегуваат во детали, но велат дека ќе ја „зајакнат“ својата понуда со електричната верзија на моделот „DS 4“ за почеток.

После тоа, производителот ќе го претстави првиот исклучиво електричен модел базиран на механичката платформа „STLA Medium“ на групацијата „Stellantis“.

Потсетуваме дека моделите базирани на „STLA Medium“ платформата можат да имаат должина од 4.200-5.000 mm. Тие ќе бидат опремени и со батерии од 87-104 kWh, што овозможуваат автономија при возење до 700 километри.

„Автомобилската индустрија доживува промена чиј обем и брзина се без преседан. „DS Automobiles“ ги предвиде овие случувања и воведе електрификација во срцето на нејзината стратегија“, вели извршната директорка на компанијата, Беатрис Фучер.

Таа целосната транзиција на марката на електрична енергија во 2024-та година ја нарече „храбар план“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП