23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку заработува „Google“ од својата продавница за апликации?

Колку заработува „Google“ од својата продавница за апликации?

„Google“ на „Alphabet“ генерираше 11,2 милијарди долари приход од својата продавница за мобилни апликации во 2019-та година, покажуваат судските документи, кои за првпат даваат јасен приказ на финансиските резултати на услугата.

Јавните обвинители во Јута и 36 други американски држави или области го тужат „Google“ за наводни антимонополски прекршувања преку продавницата за апликации. Покрај тоа, тие тврдат дека во 2019-та година бизнисот имал 8,5 милијарди долари бруто профит и 7 милијарди долари оперативен профит, со оперативна маржа од над 62%.

Податоците вклучуваат продажба на апликации, купувања во апликации и приходи од реклами во апликација. Од „Google“ за „Reuters“ изјавија дека податоците се „искористени за да се создаде лажна слика за нивниот бизнис во неоснована тужба“.

Компанијата и нејзините адвокати во посебна изјава рекоа дека е можно да биде поднесена тужба кон крајот на 2022-ра година дали „Google“ го злоупотребува својот наводен монопол за продажба на апликации за уреди со „Android“.

Во своите квартални финансиски резултати, „Google“ ги групира приходите од апликациите на „Google Play“ со оние на другите услуги како дел од поголема категорија.

Главните обвинители, како и развивачот на мобилни апликации „Epic Games“ и други тужители, го тужат „Google“ одделно, тврдејќи дека генерира огромен профит преку „Play Store“ собирајќи надомест од 30% за приходите за секој дигитален производ продаден во апликацијата. Тужителите тврдат дека уделот е превисок, што негативно влијае на профитот на развивачите на апликации.

Од „Google“ велат дека постојат алтернативи за нејзините продавници и платежни системи, но критичарите велат дека пристапот е неостварлив и понекогаш блокиран.

Тужителите го обвинуваат „Google“ дека склучувал антиконкурентни договори што ги зголемуваат неговите придобивки и воведуваат ограничувања за главните развивачи, како што е креаторот на „League of Legends“, „Riot Games“, за да ги спречат да ја напуштат „Play Store“.

Според изјавата поднесена на суд од страна на „Epic Games“ во текот на овој месец, внатрешните документи на „Google“ покажуваат дека се плаши да загуби 1,1 милијарди долари годишен профит од својата „Play Store“ доколку успешно се заобиколи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП