3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews

Најнови вести од светот 15.08.2013 година

Белград – Етихад ервејз планира до1 септември да го преземе управувањето на спрската национална авиокомпанија, објавија белградските медиуми. Договорот за менаџментот кој Етихад ервејз го има ќе стапи на сила по регулаторните одобренија, а планираниот датум е 1 септември. – За кусо време, Јат ервејз ќе работи како Ер Србија, но формално правно нема веднаш да го промени името. Кога тоа ќе се случи, компанијата ќе го промени и својот оперативен авиокомпаниски сертификат (Airline Operating Certificate AOC), истакнаа од Етихад ервејз. Владата на Србија на 1 август со Етихад ервејз потпиша договор за стратешко партнерство со кој компанијата од Обединетите Арапски Емирати ќе стане сопственик на 49 отсто капитал. Јат ервејз сега има 1.250 вработени, од кои околу 170 се пилоти, околу 200 кабински персонал, а поседува флота од 10 авиони од типот Боинг 373-300 и четири АТР 72.

Москва, Киев – Руската царина во средата сите извозници од Украина ги вклучи во список на ризични, што практично значи дека на неодредено време го блокира увозот на украинска стока, соопшти Федерацијата за работодавци во Украина. Во соопштението се наведува дека руската царинска служба во јули на списокот на ризични извозници од Украина имала 40 превозници, но дека од средата ги вклучила апсолутно сите. – Во суштина, се работи за целосна блокада на украинскиот извоз на неодредено време, на недела или дури на месеци – наведе Федерацијата на работодавци на Украина.

Москва – Во првото полугодие оваа година нето профитот на Гаспром беше 250,14 милијарди рубљи (5,69 милијарди евра). Тоа е за 34,7 отсто помалку во споредба со 383,12 милијарди рубљи во првите шест месеци лани. Според податоците на компанијата, приходите достигнаа 1,921 милијарди рубљи, 5,3 отсто повеќе од периодот јануари-јуни 2012 година. Притоа, приходите од продажбата на гас биле 1.432 милијарди рубљи, 0,6 отсто помалку од истиот период лани. Трошоците од продажбата се зголемени за 14,3 отсто, на 935,7 милијарди рубљи.

Љубљана – Компанијата Авиофун плати откупна цена за Аеродромот Марибор од 630.000 евра, што заедно со 70.000 претходно платените гаранции е 700.000 евра. Директорот и сопственик на Авиофун Дамијан Цехнер рече дека парите ги обезбедил од соработката со стренска банка, а не со стратешки партнер, бидејќи поради истекот на рокот за плаќање на откупнина, не сакаше понатамошни компликации. Како што пренесуваат агенциите, се очекува партнерите и други потенцијални инвеститори да се вклучат во понатамошни инвестиции и развој на аеродромот. Стечајниот управник на компанијата Превент Глобал Кастивник потпиша во мај договор за продажба на Аеродромот Марибор со компанијата Авиофун од местото Либелиќе, во северна Словенија. Тој за агенцијата СТА потврди дека парите се уплатени во вторникот, два дена пред истекот на рокот на 15 август.

Кувајт – Министерството за енергетика на Кувајт ќе понуди на Египет 4,5 милиони барели нафта во период од три месеци (50.000 барели дневно), како и 200.000 тони дизел во шест континенти во истиот период, пишува египетскиот весник Египет индепендент. Извор за весникот рече дека владата во Каиро го информирала Кувајт за своите потреби, а дека од таа земја ветиле помош.

Љубљана – Словенечкиот производител на апарати за домаќинство Горење врши подготовки за излез на берзата во Варшава, а формалниот период ќе биде претставен на акционери на фирмата на годишниот состанок закажан за 23 август, потврди компанијата. Управата и надзорните одбори на Горење веруваат дека излезот на варшавската берза ќе ја подобри ликвидноста на компанијата, со оглед на слабата ликвидност на љубљанската берза, пренесе словенечката агенција СТА. Двократниот берзански листинг е дел од договорот на Горење со јапонскиот производител на електронски уреди Панасоник, кој во почетокот на минатиот месец се согласи да го купи малцинскиот удел во словенечката компанија. Панасоник ќе влезе во Горење со програмата за зголемување на капиталот, за чии детали исто така ќе се одлучува на редовниот состанок на акционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП