28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови трепкачи за подобра безбедност

Нови трепкачи за подобра безбедност

trepkac

„Audi“ на моделот А8 за 2014-та година ќе претстави нов вид на трепкачи со „LED“ технологија која ќе се актвира постепено.

Новите покажувачи на насоката се состојат од 18 „LED“ диоди на предните и 24 диоди на задните светлосни групи. Кога возачот ќе го вклучи трепкачот диодите започнуваат за се вклучуваат една по друга во низа, дополнително нагласувајќи ја насоката на движењето на автомобилот.

Од „Audi“ сметаат дека новите трепкачи ќе ја унапредат безбедноста во сообраќајот поради тоа што обезбедуваат „визуелен сигнал кој е најјасен и најбргу се доживува кај другите учесници во сообраќајот“.

Покрај новиот вид на трепкачи „Audi A8“ за 2014-та година ќе биде опремен и со светла со „MatrixLED“ технологија, а се очекуваат и некои помали промени во дизајнот на автомобилот. Премиерата е закажана за 21-ви август кога ќе дознаеме повеќе детали за овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП