19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСледната „GoPro Hero“ камера може да понуди подобрен квалитет на сликата

Следната „GoPro Hero“ камера може да понуди подобрен квалитет на сликата

Според информациите, „GoPro“ ќе се фокусира на основите со акционата камера „Hero 10 Black“, а страницата „WinFuture“ сугерира дека претстојната камера ќе има подобрен квалитет на слика. „WinFuture“ објави и фотографии од камерата „GoPro Hero 10 Black“.

Камерата ќе има „GP2“ процесор, кој ќе овозможи 5.3K видео со брзина до 60 фрејмови во секунда. „GoPro“, наводно, ќе се префрли на сензор од 23MP (за разлика од 20MP од моделот „Hero 9“) што овозможува и фотографии со поголема резолуција. Се очекува и подобрена видео стабилизација, преку „HyperSmooth 4.0“.

Нема информации кога „GoPro“ ќе ја претстави „Hero 10 Black“, иако компанијата го претстави моделот „Hero 9“ во септември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП