13 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСоздадоа маска - убиец на Ковид-19 (ВИДЕО)

Создадоа маска – убиец на Ковид-19 (ВИДЕО)

Истражувачите од мексиканскиот универзитет создадоа маска со нанослоеви од сребро и бакар што го неутрализира САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува Ковид-19.

Националниот автономен универзитет во Мексико (UNAM) на страниците на својот официјален весник наведува дека ако концентрацијата на вирусот е висока, вирусот исчезнува за повеќе од 80% за околу 8 часа.

Ако вирусното оптоварување е ниско, за два часа нема да се открие трага од него, пренесува „The Guardian“.

Трислојната антимикробна маска „UNAM“ ја нарекува „SakCu“. На јазикот на Маите, „Sak“ значи сребро, а „Cu“ е хемиски симбол за бакар.

Според научниците, во контакт со САРС-КoВ-2, маската ја уништува мембраната на вирусот и ја оштетува нејзината РНК.

Во овој случај, дури и ако „SakCu“ се отстрани неправилно, маската не е контаминирана како и многу други кога се отстрануваат.

Маската е за повеќекратна употреба и може да се измие до 10 пати без губење на биоцидните својства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП