25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Deloitte“: Криптовалутите ќе ги заменат класичните за 5-10 години

„Deloitte“: Криптовалутите ќе ги заменат класичните за 5-10 години

Големото истражување спроведено од консултантската фирма „Deloitte“ врз 1.280 вработени (главно на високи менаџерски позиции) од финансискиот сектор покажа дека огромното мнозинство од нив веруваат дека иднината на финансиите е поврзана со блокчејнот и криптовалутите.

Аналитичарите посочуваат дека пандемијата на коронавирус ја охрабри транзицијата кон „сѐ што е дигитално“, со што се забрза дигитализацијата на финансискиот сектор. Постојните структури се соочуваат со предизвици поставени од новите деловни модели и дигитални средства.

Следствено, годинашното истражување на блокчејнот покажа дека луѓето на лидерски позиции во финансиската индустрија гледаат на дигиталната криптовалута и блокчејн технологијата како еден од стратешките приоритети, и во иднина и сега. Така, 78% од испитаниците одговориле дека криптовалутите и дигиталните средства ќе бидат до некаде или многу важен дел од оваа индустрија во следните 24 месеци. Покрај тоа, 76% од испитаниците веруваат дека дигиталните средства ќе послужат како моќна алтернатива или директна замена за фиат (фидуцијарни) парите во следните 5 до 10 години.

На прашањето која ќе биде главната улога на дигиталните форми на средства за нивната организација, повеќето испитаници рекоа дека нивните институции ќе нудат услуги за чување на такви средства, потоа како криптовалутите ќе се користат за плаќања, диверзификација на инвестициските портфолија, децентрализација на финансиските платформи и „токенизација“ на имотот.

Загриженоста за сајбер-безбедноста, многу строги регулаторни бариери, постоечката финансиска инфраструктура, како и грижите за приватноста на корисниците се најчестите пречки за широко распространето прифаќање на дигиталните средства во оваа индустрија.

Испитаниците во оваа студија прифаќаат дека нивната индустрија мора да се прилагоди на „сеизмичките промени“ предизвикани од блокчејнот, првенствено за да може да одговори на барањата на сегашните и идните корисници. Оние што го прават тоа ќе бидат меѓу првите што ќе имаат значителна конкурентска предност во однос на другите. Традиционално слабата банкарска индустрија полека почнува да се справува со предизвиците на модерните технологии, но нејзиниот брз развој ќе бара дополнителна флексибилност со цел институциите да се прилагодат на новите трендови.

Наскоро, заклучува „Deloitte“, нема да имаат друг избор освен да прифатат промени, бидејќи учеството во дигиталната финансиска ера е неизбежно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП