Производителот на производи за нега на коса „Olaplex Holdings“ достави документи за иницијална јавна понуда (IPO). Ова е втор потрошувачки бренд поддржан од приватната акционерска фирма „Advent International“, која прави таква апликација за само неколку часа, пренесува „Bloomberg“.
Во документите поднесени до Комисијата за хартии од вредност, „Olaplex“ наведе 100 милиони долари како сума на понудата, износ што ќе се промени откако ќе се утврдат условите за продажба.
Претходно во петокот, компанијата „Sovos Brands Inc.“, поддржана од „Advent“, исто така ги објави своите планови за IPO.
Целта на „Advent“ е проценка на најмалку 1,5 милијарди долари за „Olaplex“, објави „Bloomberg“ претходно во јуни. Сите акции од IPO ќе бидат продадени од сегашни инвеститори без компанијата да добие приход. „Advent“ ќе продолжи да ја контролира компанијата и по објавувањето, стои во поднесените документи.
Според „Olaplex“, продажба значително се зголемила во првата половина на 2021-ва година во споредба со претходната година. Компанијата пријави 95 милиони долари нето продажба од 270 милиони долари во првата половина од оваа година. За споредба, во истиот период во 2020-та година имаше нето загуба од 22 милиони долари со околу 100 милиони долари продажба.
Основан во 2014-та година, производителот на шампони и балсами беше купен од „Advent“ на крајот на 2019-та година, но условите на договорот не беа обелоденети. Компанијата го избра Џу Вонг за извршен директор, беше објавено во јануари 2020-та година. Вонг ја има истата позиција во компанијата за нега на кожа и коса „Moroccanoil“.
Акциите на компанијата ќе се тргуваат под симболот „OLPX“.