25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФорбс излегува на берза

Форбс излегува на берза

Познатиот деловен магазин Форбс објави дека Forbes Global Media Holdings Inc. и компанијата Magnum Opus Acquisition Limited, SPAC (Special Purpose Acquisition Company), се бави со аквизиции фокусирани на технологија и медиумски бизниси, ќе започне деловна соработка на крајот на годината со ставање на акциите на Форбс на иницијална јавна понуда.

SPAC се хит на инвестицискиот пазар каде што во пракса се собираат еден куп мали инвеститори, купувајќи по фиксна цена акции на компании која првично нема имот, создавајќи SPAC или, алтернативно, “blank check company„(компанија со бланко чек).

Во „Форбс“ така планираат да соберат над 600 милиони долари, што, како што најавија, ќе им помогне во „дигиталната трансформација и создавање на подлабоко ангажирана публика, притоа одржувајќи го високиот квалитет и приходот на компанијата“.

Под претпоставка дека јавните акционери на Magnum Opus нема да ги откупат акциите, акционерите на Форбс ќе станат сопственици на приближно 22% од компанијата по затворањето, објави Форбс.

Компанијата, која постои 104 години, достигнува до 150 милиони луѓе ширум светот, има 45 лиценцирани публикации во 76 земји и е меѓу 50 -те најпосетувани страници на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП