29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е Porsche Taycan за 2022-ра (ФОТО)

Ова е Porsche Taycan за 2022-ра (ФОТО)

Во последно време се шпекулира дека „Porsche“ работи на нова верзија на „Taycan“, а германската компанија неодамна навести дека нешто ново доаѓа веќе следниот месец на меѓународниот саем во Минхен.

Сегашниот „Taycan“ постигнува неверојатни продажни резултати и е попродаван во споредба со моделите „911“ и „718“ заедно. Сепак, без разлика колку е добар „Taycan“, од „Porsche“ знаат дека е потребно постојано подобрување за да се остане на врвот.

Затоа „Taycan“ добива голем број подобрувања за моделот за 2022-ра година за да го направи поседувањето „Taycan“ поатрактивно и да донесе уште повеќе уживање.

Подобрувањата ја вклучуваат стандардна верзија „Taycan“, како и верзијата „Cross Turismo“. За почеток, подобрени се функциите за контрола на температурата и полнењето, а „Turbo Charging Planner“ сега ја загрева батеријата на малку повисока температура овозможувајќи поголема стапка на брзо полнење, додека се користи дополнителна топлина на електричните компоненти за да се подобри регулацијата на температурата на батеријата.

Достапна е и опцијата „Remote Park Assist“, која му овозможува на возачот далечинско паркирање и други маневри за паркирање преку паметен телефон. Системот може автоматски да открие места за паркирање и да ги измери користејќи различни ултразвучни сензори и камери, а ако просторот е доволно голем, апликацијата „Porsche Connect“ може да го започне процесот на паркирање. Тогаш возачот мора да излезе од автомобилот.

Треба да се нагласи дека возачот ја задржува контролата врз процесот со притискање и држење на копчето на интерфејсот на апликацијата, а процесот на паркирање се прекинува кога копчето се ослободува.

Помалку импресивен, но практичен додаток е воведувањето на „Android Audio“ системот. Остатокот од инфозабавниот систем исто така е подобрен, а гласовниот асистент „Voice Pilot“ подобро ги „разбира“ упатствата и појасно ги прикажува информациите благодарение на редизајнираната графика. Оперативниот систем исто така е малку освежен со пет опции за менито, наместо три лево од централниот екран, а иконите можат да се распоредат поединечно.

„Porsche“, исто така, го прошири опсегот со неколку светли бои, вклучително и оние кои се многу популарни за моделот „911“ (генерација „964“). Досега, достапни се 65 дополнителни бои, вклучувајќи ги „Moonlight“ металик сина, „Acid“ зелена, „Rubystar“ (автомобилот на сликите), „Riviera“ сина и металик виолетова.

Нова верзија на „Taycan“ официјално ќе се појави на пазарот во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП