26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Oppo“ планира да влезе на пазарот на таблети

„Oppo“ планира да влезе на пазарот на таблети

Пазарот наскоро ќе биде преплавен со бран на таблет уреди од кинески производители, и се чини дека „Oppo“ е подготвен да се приклучи на овој тренд.

Најавувачот „Digital Chat Station“ навести неколку главни карактеристики од претстојниот таблет „Oppo“ на мрежата „Weibo“, а исто така понуди илустративна фотографија која ни дава идеја за тоа како уредот може да изгледа по објавувањето.

Таблетот „Oppo“ треба да има 12,6-инчен дисплеј, како и „Huwaei MateTab Pro“ на фотографијата. Всушност, тој тврди дека таблетот „Oppo“ ќе потсетува многу на уредот на „Huawei“.

„Oppo“ ќе користи модифицирана верзија на интерфејсот „ColorOS“ за таблетот, која доаѓа со држач и додатоци. Исто така ќе бидат поддржани и функциите „continuity“ со телефоните на „Oppo“, часовникот и слушалките со „Bluetooth“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП