Трговските центри и трговците се незадоволни од одлуката на Владата да забрани влез на невакцинирани лица во објектите. Тие велат дека со ваквата мерка профитот им е намален и сметаат дека Владата треба да најде поинакво решение за да ги мотивира луѓето да се вакцинираат против коронавирус.
„Се најдовме во сосема друга, непосакувана ситуација. Се доживуваме како казнети, а реалноста е дека трговските центри се речиси празни. Нашите трошоци и загуби растат од ден во ден, а бројот на вакцинирани, за жал, расте со мала стапка. Затоа, ве замолуваме за поразличен пристап, каде ќе се обидете да ги разбереме граѓаните, да се обидете да разберете што стои зад ниските стапки на вакцинацијата во државата и да се обидеме да најдеме и друго, поефикасно решение, што ќе има поголемо влијание и ќе ги мотивира за промена на ставот“, се вели во дописот до Владата.

