24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Samsung“ ќе инвестира 206 милијарди долари во следните три години

„Samsung“ ќе инвестира 206 милијарди долари во следните три години

Групацијата „Samsung“ ќе инвестира 240 трилиони вони (206 милијарди долари) во текот на следните три години да го прошири својот отпечаток во биофармацевтските производи, вештачката интелигенција, чиповите и роботите во ерата по пандемијата, објави „Samsung Electronics“.

Бисерот на круната на најголемиот јужнокорејски конгломерат рече дека инвестицијата ќе биде направена до 2023-та година и ќе помогне да се зајакне глобалната позиција на групацијата во критични индустрии како што е производството на чипови, истовремено овозможувајќи и да бара можности за раст во нови области, како што се роботиката и следната генерација на телекомуникации.

„Samsung Electronics“, најголемиот светски производител на мемориски чипови, рече дека групата планира да го зајакне своето технолошко и пазарно водство преку спојувања и превземања.

Компанијата не откри дали последните инвестициски податоци ги вклучуваат 17 милијарди долари што се очекува да ги потроши за новата фабрика за чипови во САД.

Сумата е 30% повисока од претходната тригодишна стратегија на „Samsung“, претставена во 2018-та година. Групата одлучи да ги зголеми своите инвестиции за да го задржи своето технолошко водство, особено во „итни случаи“ дома и во странство.

„Индустријата за чипови е спас за корејската економија … Нашата агресивна инвестиција е стратегија за преживување во смисла дека откако ќе ја загубиме конкурентноста, речиси е невозможно да се вратиме“, се вели во соопштението на „Samsung Electronics“.

Конкурентите за чипови како што се „Taiwan Semiconductor Manufacturing“ и „Intel“ прават големи инвестиции, со оглед на глобалниот недостаток на чипови и растечката конкуренција во напредниот полупроводнички сегмент.

Групацијата „Samsung“ има 59 единици со имот од 457 трилиони вона според Јужнокорејската комисија за фер трговија.

Инвестицискиот план беше објавен само една недела откако лидерот на групацијата „Samsung“, Ли Џeи Јун беше пуштен на условна слобода, откако беше прогласен за виновен за поткуп и проневера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП