23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Германија и недостасува работна сила - и требаат 400.000 имигранти годишно

На Германија и недостасува работна сила – и требаат 400.000 имигранти годишно

Претседателот на германската агенција за вработување, Детлеф Шеле, упати итен апел до владата во Берлин, во кој предупреди дека земјата има потреба од 400.000 имигранти годишно поради недостаток на работна сила, што е многу повеќе отколку во претходните години.

“Како резултат на демографскиот развој, бројот на потенцијално работоспособно население ќе се намали за 150.000 оваа година. Ќе биде многу подраматично во наредните години”, изјави Шеле за “Зидојче цајтунг”.

Според него, Германија би можела да го реши проблемот доколку обучува неквалификувана работна сила и ако им дозволи на оние кои работат со скратено работно време, а што тие навистина не сакаат, да им дозволи да работат подолго, но пред се ако донесат работна сила од странство.

“Потребни ни се 400.000 имигранти годишно, многу повеќе отколку во претходните години. Од негуватели, преку монтери за климатизери, до логистичари и факултетски образовани луѓе. Ќе има недостаток на работна сила во сите области”, рече шефот на Агенцијата за вработување , пренесува Дојче веле.

Шеле во последните неколку дена постојано укажуваше на лошата состојба во обуката на работната сила.

„Многу приправници и работодавачи едноставно не можат да се најдат“, вели Шеле.

Тој предупредува дека овој тренд се влошува, така што дури 31 процент од луѓето кои аплицирале за обука досега биле без работа, додека во исто време, 40 проценти од местата за обука се неисполнети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП