20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовите партнерства на „JD.com“ ги зголемија резултатите на компанијата

Новите партнерства на „JD.com“ ги зголемија резултатите на компанијата

Кинеската компанија „JD.com“ ги надмина очекувањата на аналитичарите за квартално прилагодената заработка, откако нејзиното партнерство со глобални брендови, како што е сопственикот на „Louis Vuitton“ – „LVMH“, помогна да привлече повеќе купувачи на својата платформа за тргување преку Интернет.

Резултатот дојде во време кога кинеските регулатори вршат притисок врз технолошката индустрија, а тоа влијаеше на голем број сектори, како што се трговија преку Интернет, игрите, заедничките патувања и криптовалутите.

Нето приходите на „JD.com“ пораснаа за 26 проценти на 253,8 милијарди јуани (39,14 милијарди долари) во вториот квартал, завршен на 30-ти јуни. Според аналитичарите, приходите ќе достигнат 249,27 милијарди јуани, според „Refinitiv“.

Годишниот број на сметки на активни корисници на „JD.com“ се зголеми за 27,4% до 531,9 милиони.

Стратегијата за задржување на залихите на „JD“ и фактот дека има целосна контрола врз својата мрежа за снабдување, исто така, и помогнаа да се бори со својот поголем ривал „Alibaba Group“, која ги пренесува логистичките операции на други компании.

Приходите на „JD.com“ во сегментот на производи, кои вклучуваат трговија преку Интернет, пораснаа за повеќе од 23% до 219,69 милијарди јуани.

Со исклучок на некои ставки, компанијата генерираше профит од 2,90 јуани за американска депозитарна сметка, а аналитичарите очекуваа по 2,35 јуани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП