КОРОНА

САД целосно ја одобрија вакцината Фајзер за лица постари од 16 години

Соединетите држави дадоа целосно одобрување за употреба на вакцината против коронавирус Pfizer / Biontek за лица на возраст од 16 години и постари, соопшти Агенцијата за храна и лекови (ФДА).

Таа одлука треба да помогне во зајакнување на процесот на вакцинација во земјата.

ФДА ја одобри првата вакцина против ковид-19 во земјата, се наведува во соопштението.

Вакцината Фајзер досега имаше привремено итно одобрување за употреба.

Другите вакцини одобрени за употреба во моментов се на привремено одобрување.