27 април, 2024
ПочетнаКОРОНАНема град без активни случаи на коронавирус, најмногу заразени во Скопје, Тетово...

Нема град без активни случаи на коронавирус, најмногу заразени во Скопје, Тетово и Гостивар

Според епидемиолошки анализи во моментов нема град во Македонија во кој нема ниту еден активен случај на коронавирус.

Согласно последните информации, најмногу активни случаи има во Скопје (3.693), Тетово (1.855) и Гостивар ( 1.513).

Најмал е  бројот на заразени во Дорјан (2), Демир Капија (3) и Македонска Каменица (5).

Вчера беа регистрирани 882 нови случаи на Ковид-19, а починаа уште 14 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП