26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна „Mercedes C-Class“ зa сите терени (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна „Mercedes C-Class“ зa сите терени (ФОТО/ВИДЕО)

Сѐ попопуларната категорија автомобили добива нов член – „Mercedes C-Class All-Terrain“.

Верзијата „Крос“ на стандардниот караван има 40 mm поголемо растојание од земјата во споредба со обичниот модел и неизбежниот погон на сите тркала.

Исто така, постојат две нови работни програми, „Offroad“ и „Offroad +“, со регулација на брзината за надолнина.

Сето ова ќе му помогне на возачот да започне авантури надвор од асфалтираните патишта со многу поголема самодоверба.

На терен, ќе помогнат дополнителните „LED“ светилки со поширок агол на осветлување, кои се активираат само во режими на возење надвор од патот, до брзина од 50 km/h.

Изборот на мотор е намален на само два погонски агрегати, двата четирицилиндрични со турбина и „лесна“ хибридна технологија, со дополнителна „засилувачка“ функција.

Станува збор за еден бензин и еден дизел. Бензинецот е 1,5-литарски со 204 ks и 300 Nm, а дволитарскиот дизел е малку послаб со 200 ks, додека максималниот вртежен момент е завидни 440 Nm.

Од „Mercedes“, исто така, наведуваат дека багажникот може да собере 490 литри товар, а над 1,5 кубни метри кога ќе се навалат потпирачите за грб на задните седишта.

Електричниот погон на задната врата е стандардна опрема, како и дигиталниот кокпит. Официјалната премиера е закажана за септември на саемот за автомобили во Минхен, а почетокот на продажбата во Европа се очекува до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП